Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Над 430 милиони евра нови инвестиции и над 2.000 нови работни места само за една година во ТИРЗ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
iycrogoyvk6ngeslje08

Технолошко индустриските развојни зони ја завршија 2022 година со нови инвестиции од над 430 милиони евра, што е најдобар резултат од постоењето на ТИРЗ, вели СДСМ

— реклама —

„Веќе во октомври лани е надмината највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат, постигнат во 2021 година.

Само во текот на минатата година во технолошко индустриските развојни зони се отворени над 2.000 нови и добро платени работни места.

— реклама —

Од 2017 година досега во ТИРЗ се отворени над 10.000 нови работни места, што е за 160 проценти повеќе работни места од оствареното во периодот 2007 – 2016 година.

— реклама —

Платите растат и прв пат во 2021 ги надминаа просечните во целата економија.

Инвестициите во ТИРЗ растат и се окрупнуваат. Оваа година започнува со нова инвестиција од Северна Америка, која ќе донесе нови работни места, во тек се преговори со други компании за вложувања во ТИРЗ.

— реклама —

Мерките и политиките на СДСМ и премиерот Ковачевски даваат резултат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања