Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати, велат од Министерство за енергетика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
Inverter-klima-ured-696x522-1

Министерството соопшти дека подигнувањето ваучери за инвертер клима уреди тече непречено: од 4.070 доделени, до 25 март (18:00) подигнати се 2.084, над половина, со континуиран интерес во сите општини. Ваучерите се подигаат во центрите за социјална работа до 17 април 2026, а списоците на корисници и компании се на веб-страницата на Министерството. Со ваучер се добива клима 3,5 kW, најмалку А+, до 28.000 денари без доплата, за искористување до 15 октомври 2026.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на терен.

— реклама —

Од вкупно 4.070 доделени ваучери, во периодот од 18 март до 25 март веќе се подигнати 2.084, што претставува повеќе од половина од вкупниот број. Согласно податоците добиени од меѓуопштинските центри за социјална работа, заклучно со 25 март 2026 година до 18:00 часот, вкупно се подигнати 2.084 ваучери, при што дневната динамика покажува континуиран интерес и зголемена активност кај граѓаните во сите општини низ државата. Овие податоци потврдуваат дека процесот се реализира ефикасно, без застои и во согласност со предвидената динамика.

— реклама —

Министерството потсетува дека списокот на граѓани кои остварија право на оваа поддршка, како и списокот на компании од кои може да се набават уредите, се објавени на официјалната веб-страница на Министерството:

— реклама —

https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/rezultati-i-spisoci

Граѓаните кои се наоѓаат на списокот можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, до 17 април 2026 година, при што на веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и постапката.

По подигнувањето, ваучерите може да се искористат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори, за набавка и вградување на инвертер клима уред.

Станува збор за финална фаза од постапката по Јавниот оглас за 2025 година, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, во која право на поддршка имаа домаќинства кои ги исполнија предвидените услови.

Со ваучерот, граѓаните добиваат можност за набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Министерството продолжува со интензивна реализација на мерките за поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Inverter-klima-ured-696x522-1

Инвертер клими за ранливи домаќинства — објавен јавен повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања