Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Над 600.000 евра за семејствата, клима уреди и донации за болницата, опрема за физикална - Support Kocani со извештај што е помогнато

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
gafgadfgadfg

Иницијативата Support Kocani, активирана веднаш по трагичниот настан што го погоди Кочани, денес го објавува својот транспарентен извештај за реализацијата на донациите заклучно со 5 јуни 2025 година.

— реклама —

До денес, над 600.000 евра се префрлени директно на сметките на семејствата кои претрпеа најголеми загуби. Оваа бројка не е само финансиски податок – таа е симбол на заедништво, сочувство и солидарност.

— реклама —

Поддршката не застана тука, покрај директните донации, граѓани, компании и организации се вклучија и со дополнителна помош:

Над 2 милиони денари се собраа преку индивидуални донации.

— реклама —

Општата болница во Кочани доби дополнителна поддршка од 2.671.116 денари, со што значително се подобрија условите за третман на повредените.

Но, вистинската сила на оваа иницијатива се гледа и преку конкретната опрема и помош што беше обезбедена:

Донирана е хипербарична комора – клучна за лекување на тешки повреди.

Инсталирани се 10 клима уреди во болницата.

Создадена е целосно опремена просторија за физикална терапија.

Обезбедени се над 400 специјални лепенки за третман на изгореници.

Доставени се над 500 медицински артикли, вклучувајќи лекови, креми и помагала.

Повредените добија 113 ваучери за онлајн шопинг со вкупна вредност од 20.000 евра.

И покрај до сега постигнатото, помошта продолжува, а работата на SupportKocani не завршува тука. Во тек е реализација на неколку значајни проекти. Во соработка со А1 Македонија, се развива Младински центар „Супортко“ во Кочани – простор за психосоцијална поддршка, едукација и рехабилитација.

Дополнително, се очекува исплата на 1.500.000 денари собрани преку хуманитарната аукција и изложба на Домот на култура „Бели Мугри“ и 600.000 денари од хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска, кој обедини публика од целиот регион.

„Ова не се само бројки. Тоа се допири на надеж, потсетници дека не сме сами и дека кога сме обединети, можеме многу. Ви благодариме што ја покажавте хуманоста – не со зборови, туку со дела,“ велат од тимот на SupportKocani.

SupportKocani како инцијатива останува отворена и посветена на транспарентност во секој чекор, соработка со институции, компании и граѓани и најважно – континуирана грижа за засегнатите семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања