„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Над 6,2 милиона евра за исплата на субвенции за органско производство, млеко и други мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1467378558_95285784_1_585x461_profesionalni-oranzherii-za-fermeri-gr-varna_1

Владата на денешната седница обезбеди 385 милиони денари или над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции за неколку мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година.

— реклама —

„Конкретно, со оваа сума ќе се исплатат субвенции за мерката за органско производство, дополнителна помош за производство во отежнати услови, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за мерката за 60 отсто покривање на трошоците за осигурителни полиси, како и за други мерки од Прогрaмата за 2017 година.

По објавувањето на владината одлука во Службен весник, односно до крајот на оваа недела ќе започне исплатата на овие субвенции.

— реклама —

Досега Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има исплатено близу 200 милиони евра, сума во која што спаѓаат субвенции по основ на заостанати долгови од 2013,2014, 2015, 2016 година, како и за мерките од актуелните Програми за 2017 година“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања