Промени тема
Контакт

Над 623 милиони денари исплатени за боледувања во август, 414 милиони за породилни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
fzom_8

Над 623 милиони денари исплатил Фондот за здравствено осигурување во август за надоместоци по основ на привремена спреченост за работа, од кои повеќе од 414 милиони денари биле наменети за породилни отсуства.

Од ФЗО информираат дека во текот на месецот биле исплатени вкупно 623.150.780 денари, при што 414.050.780 денари се однесуваат на породилни надоместоци.

— реклама —

Според Фондот, високата реализација е резултат на засилена обработка на предметите и внимателно планирање на расположливите средства, со цел исплатите кон осигурениците да се одвиваат редовно.

При обработката бил почитуван хронолошкиот редослед, со приоритет за постарите барања. Од ФЗО посочуваат дека посебен акцент бил ставен на породилните надоместоци, по насока на генералниот директор Златко Перински.

— реклама —

Од Фондот најавуваат дека ваквата динамика ќе продолжи и во наредниот период, со фокус на редовна исплата на боледувањата и породилните надоместоци, но и на непречено исполнување на останатите обврски кон осигурениците и здравствениот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library6crepiukitpr8lAKRxC

ФЗО најавува проширување на позитивната листа со антикоагулантни терапии

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybek7icoedlv0773MyIZ

ФЗО најавува нови реформи и развој на здравствениот систем

Македонија | пред 3 месеци

lekari-715x420

ФЗО апелира: Јавните здравствени установи да обезбедат хелиум за МР апарати

Македонија | пред 5 месеци

bankomat

Родилки без породилно за февруари, Фондот без одговор кога ќе има исплата

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања