Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Над 80 проценти од пациентите кои се заразиле со Ковид-19 се невакцинирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Слајдер
modularna-bolnica

Во земјава над 180 илјади лица се заразиле со Ковид-19 од почетокот на епидемијата, а бројот на активни случаи надмина 15 илјади.

Повторно голем број на починати лица беа регистрирани во текот на вчерашниот ден – 21, на возраст од 49 до 94 години. Од направени 5.416 тестирањe, вчера беа регистрирани 459 нови случаи, а оздравеа 368 пациенти.

— реклама —

Во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово има најмногу активни случаи на Ковид-19, а со најмалку активни случаи се Демир Капија, Дојран и Пехчево.

— реклама —

Над 80 проценти од пациентите кои се заразиле со Ковид-19 се невакцинирани. Во болниците најголем дел од пациентите се исто така оние кои не примиле вакцина против вирусот. Според надлежните единствен спас за излез од пандемијата е луѓето да се вакцинираат.

— реклама —

Според испитувањата кои ги има направено компанијата „Фајзер“, која е еден од производителите на вакцина за Ковид-19, најверојатно ќе биде потребна и трета доза, но наодите се уште не се официјализирани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања