Над 80 санкции за еден час во Кавадарци, над 16.000 за месец во државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
DSC_0066

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кавадарци, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кавадарци. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за околу еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 16.000 санкции“, рече Ангеловски.

— реклама —

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кавадарци да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. „Само за еден час во денешната акциска контрола во Кавадарци се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кавадарци ќе бидат презентирани утре.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања