„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Над 800 учесници на Дедомразовската трка на плоштадот Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-library4dpeu6lgjt1bcwxSzit

Над 800 маскирани учесници денеска го преплавија плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што се одржа Дедомразовската трка 2025. Оваа традиционална манифестација, која годинава се организираше по 11. пат, ја одбележа рекорден број учесници и создаде вистинска празнична атмосфера во срцето на градот.

— реклама —
media-libraryml2at00nceadf4ctMhd

Трката се издвојуваше по широкиот распон на возрасни учесници – највозрасниот Дедо Мраз имаше 73 години, додека најмладите беа бебиња помали од една година, кои учествуваа заедно со своите родители. Стартот и целта беа традиционално поставени на плоштадот, а патеката од околу два километри поминуваше низ централното градско подрачје.

— реклама —

На трката учествуваа и професионални тркачи и рекреативци, како и бројни ентузијасти кои со насмевка и празничен дух ја збогатија манифестацијата. Новогодишното расположение беше видливо и кај учесниците и кај посетителите, кои со аплауз ги бодреа Дедомразовците.

media-libraryc8okctvq441715aE1HC

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот фејсбук-профил напиша дека за него апсолутен победник е најмалиот учесник, стар само половина година, кој, како што истакна, претставува најубав симбол на надежта и иднината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања