Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 минути -

Македонија
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДСМ дека ја избегнува вистината за случајот со АЛТА банка, оценувајќи дека надзорната расправа, организирана од опозициската партија, не ги исполнила очекувањата.

— реклама —

Во реакцијата на Венко Филипче, од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека претседателот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски, на расправата презентирал извадок од нацрт-записникот од 194. седница на Владата, одржана на 24 октомври 2023 година, кога премиер бил Димитар Ковачевски.

— реклама —

Според партијата, на таа седница тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал Владата да му одобри на Државното правобранителство да воспостави деловни односи со АЛТА банка од Белград, чиј сопственик е Давор Мацура.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ уште во 2023 година дала насоки за воспоставување деловни односи со банката, поради што ги обвинуваат Филипче и СДСМ за прикривање на сопствената улога во случајот.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека претставниците на СДСМ барале паузи и прекини на надзорната расправа, со цел, според ВМРО-ДПМНЕ, да избегнат соочување со изнесените информации.

— реклама —

На крајот, партијата го повика Филипче да одговори дали тој и неговите сопартијци имаат сметки во АЛТА банка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања