Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нагла промена на времето: Обилни врнежи, а за викендот и снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 54 минути -

Македонија
IMG_4715

Македонија ја очекува студено утро со температури под нулата, додека во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -8 до 0 степени, а максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени.

— реклама —

Во Скопје времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до -2 степени, додека дневната ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови се очекува постепена промена на временските услови. Утре наутро ќе биде ведро и студено насекаде, со негативни утрински температури.

— реклама —

Во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува, а од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

— реклама —

Врнежите ќе бидат умерени, а на одредени места и пообилни, со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

Поради продорот на постуден воздух во текот на викендот, се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.

— реклама —

Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Според прогнозата, пред нас е период со променливо и нестабилно време, ниски утрински температури и врнежи кои во деновите од викендот ќе преминуваат во снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryf76c30p0ojepdnbl6DO

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Скопје: Еве какво време нè очекува денеска

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarypj8vof6m0nf74deLWAY

Променливо облачно време со дожд, од понеделник заладување и снег на планините

Македонија | пред 4 дена

DSC_0038

До сабота релативно топло, од недела пристигнува заладување

Македонија | пред 2 седмици

IMG_1106

Денеска нè очекува променливо облачно време и слаб северен ветер

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања