Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Наградата „Мито Хаџи Василев – Јасмин” нема да се додели, ниту еден новинар не ги добил потребните гласови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството годинава нема да се додели, бидејќи ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број на гласови. Наградата се се доделува од 1969 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Годинава требаше да се прослави златен јубилеј. Наградата се доделува на 21 декември – денот на раѓање на Мито Хаџи Василев -Јасмин, политичар и новинар, кој во своето време бил сметан за прво перо на македонските новинарство и публицистика.

— реклама —

Од  Министерството за култура информираат дека одборот за доделување на наградата во согласност со Законот за државните награди, на седницата одржана на 26 ноември годинава, донел одлука државната награда годинава да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати.

„Одборот одлучи како во точка 1 од оваа Одлука со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2019 година.Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија”, се вели во соопштението.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања