Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Наградата од Општина Битола во рацете на Николај Петкоски од Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_20190609_150943

Изминатиот викенд во Битола се одржа првото издание на меѓународниот натпревар во пијано „Пијанофест 2019“. Околу 80 натпреварувачи од Албанија, Бугарија, Косово и од нашата земја се натпреваруваа во неколку категории и тоа: пет категории во пијано соло, три категории пијано дуо и две категории пијано теоретичари.

Жири комисијата во состав Елена Дикова од Бугарија, Надежда Породини Јоле од Албанија и Јана Четелева Белевска од Македонија, им додели максимални 100 поени на 11 учесници во различни категории. Наградата од Општина Битола, која се состоеше од плакета и парична вредност, му беше доделена на Николај Петкоски од Охрид, кој се натпреваруваше во прва категорија, со освоени 100 поени и прво место.

— реклама —

Наградата ја додели советничката во Советот на Општина Битола Виолета Дракалска, која истакна дека  Битола е препознатлива како град на клавирите и затоа упати честитки до двете професорки по пијано од Државното музичко училиште во Битола Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска, на чија иницијатива за прв пат се одржа ова меѓународно натпреварување. Дракалска посака ова да е само почеток на уште една нова, но успешна приказна за Битола, која ќе го претставува градот и ќе го популаризира, не само во домашни, туку и во светски рамки.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања