Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Наградата Св. Климент Охридски - посхумно за прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nagradi

Највисокото општинско признание „ Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски. Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески на предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија. Во образложението, покрај другото стои дека со постхумното доделување на највисокото општинско признание, наградата „Патронот на градот- Св. Климент Охридски “ , на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски му се оддава должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.

— реклама —

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Охрид од пристигнатите осум апликации и еден предлог на комисијата, додели две повелби „ Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ .

— реклама —

Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „ Кочо Рацин“ доби Повелба за остварувања во образованието, како наставник, едукатор, креатор на иновативни идеи и реализатор на повеќе проекти со меѓународна верификација.

Планинарската спасителна служба Повелбата ја доби за успешното етапно реализирање на трансграничниот проект за спасување на планина, со што видно придонесува во збогатувањето на туристичката понуда и безбедно одвивање на разните активности, пред се на планината Галичица.

— реклама —

Наградата и повелбата „ Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ ќе бидат врачени на Свечената академија, што во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Охрид ќе се одржи на 7 Декември во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 1 година

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања