„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Наградени најдобриот скопски пожарникар, полицаец и крводарител за 2020 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Градоначалникот Шилегов ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2020 година.

— реклама —

- Скопје е град на солидарноста и ние ја чуваме таа традиција, а хуманоста и солидарноста стана дел од нашите животи, од начинот на живеење на скопјани. Во овие тешки времиња, особено тешки животни услови и ситуации предизвикани од ковид 19, не можеме да ги заборавиме оние што се истакнале со својата хуманост преку своите дела. Се надевам дека овие награди ќе бидам мотив за добитниците, за нивни колеги, како и за сите нас, како колеги и граѓани да бидеме похумани и посолидарни и да се обидеме да помогнеме секогаш кога можеме, кога на некого ќе му биде потребна помош – рече Шилегов.

— реклама —

За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност награди денеска добија:

1. Никола Мајнов, Пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар пожарникар за 2020 година.

2. Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“, кој ја добива наградата за најдобар полициски службеник.

3. Звонко Васев е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 89 дарувања крв и ја добива наградата за крводарител на годината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања