Најавени протести на „Жолтите елеци“ во повеќе европски земји

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
protesti-demonstracije-u-francuskoj-francuska-40-620x350

Викендов во Париз ќе се одржат петтите по ред протести на „Жолтите елеци“, вели шефот на париската полиција.

— реклама —

Тој изјави дека безедносните служби како и минатиот викенд ќе постават околу 8 000 полицајци и 14 оклопни возила. Исто така ќе има и повеќе групи на патролна полиција чија цел ќе биде фаќање на вандалите. Протестите се најавени и во другите француски градови.

— реклама —

Францускиот претседател Емануел Макрон, по серијата протести оваа недела им се обрати на Французите, но тие не беа задоволни од неговите предложени мерки, па најавија продолжување на протестот во наредниот период.

— реклама —

Исто така демонстранти со жолти елеци се собраа и во Велика Британија, кои изјавија дека го поддржуваат Брегзит, но не се сложуваат со она што моментално го прави британската власт.

Иако се уште нема информации, се очекува овие протести да се одржат и во Белгија и Холандија.

Протестите на жолтите елеци ги поттикнаа и останатите земји, па сличен ваков протест се  најавува и во Хрватска. Тие се најавени во три града Загреб, Пула и Риека за денес со почеток од 12 часот. Организаторите на протестот ги повикуваат сите оние кои се незадоволни од социјалниот статус, како и од  состојбите во политичкиот и социјалниот живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања