Најавени протести за поскапувањето на струјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
struja

Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци го крева гласот против поскапувањето на стртујта. Најавуваат мирен протест поради одлуката за нејзино зголемување за 7,4%, но без ДДВ. Ваквиот потег на власта го оценија како показател за недомаќинско работење. Обвинуваат за популизам и удирање по џебот на граѓаните зашто, според нив, со поскапувањето на струјата од народот се одземаат парите што ги добиле со последното зголемување на минималната плата, објави Алфа.

— реклама —

– Најавеното поскапување на струјата од 7,4 проценти заедно со Данокот на додадена вредност од 18 проценти ќе изнесува 8,73 проценти, а во изминатите 14 години струјата поскапела 230 проценти, изјави претседателот на НСГРИТ Атанас Трајковски.

По најавеното поскапување, реагираа неколку синдикати, здруженија, но и политички партии, кои побараа од Регулаторна да ја повлече одлуката.

— реклама —

Организацијата на потрошувачи смета дека одлуката е несоодветна, бидејќи освен здравјето, во прашање се доведува и економската безбедност на граѓаните.

Текстот во целост на: Алфа 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања