Министерот за економија Крешник Бектеши најави можно олабавување на мерките, кога станува збор за угостителите. Дел од кафеаните, кафитериите, рестораните се скоро празни откако Владата донесе одлука да се влегува само со примени две вакцини против корона.
„Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мрките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комиисјата за заразни болести“, рече Бектеши