Најави за тужби за државата, прашања дали важат банкнотите без „северна“ - граѓаните реагираат поради возачките и пасошите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
vozacka-1

Известувањето од МВР дека возачките дозволи не важат од полниќ направи хаос во Македонија. Граѓаните жестоко реагираат бидејќи не биле навремено известени да извадат нови со „северна“, но и поради тоа што треба да плаќаат дополнителни средства за документ кој им е важечки. Дел од нив се на размислување да ја тужат државата, други повикуваат на протести, трети на кривична одговорност.

— реклама —

„Утре значи нема да одиме на работа бидејќи возачките што немаат Северна на нив нема да важат. Толку е едноставно. Или пак секоја казна што ќе ја добиеме за "старите" возачки кои имаат уште неколку години важност да им ја дадеме на владата да ни ја плати“, стои во реакција.

— реклама —

„Дали ова со возачките е нов вид на полициски час???“, прашува твитерџија.

Сопствениците на странски возачки прашуваат: „Ние со германски возачки дозволи може да возиме? Зна ли се шта?“.

„Со неважечки возачки дозволи, дали важи Договорот за Осигурување - Автоодговорност? знаете зашто прашувам… и за хаосот кој претстои..“, велат на социјалните мрежи

Граѓаните го немаат ниту најавениот бесплатен јавен превоз.

„Мене ме интересира дали можам да ја тужам државава тоа што ми издадоа лична карта на 15.11.2019 со старото име, за сега да ме газат и да ме тераат наново да вадам при веќе валиден документ, на мој трошок? Има ли луѓе да направиме заедница и да се организираме?“, е уште еден коментар.

Други во прашање ги доведоа и банкнотите без „северна“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања