Најбогатата Македонка во Детроит Маријан Бајоф Илич добитничка на наградата „Ќерка на Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarysbpdr6hl2l1afDmMBBI

Најбогатата Македонка во Детроит, 92-годишната Маријан Бајоф Илич, ја доби наградата „Ќерка на Македонија“, што ѝ ја додели Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на свечената гала вечер по повод 20-годишниот јубилеј на организацијата. Настанот се одржа во Детроит, а на него присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

— реклама —

„Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, но често имаме забавни случки со нашите деца бидејќи не го знаат македонскиот. Многу често ме прашуваат како се кажува ова, како се кажува она и јас им одговарам. Јас сум горда што сум Македонка, навистина сум горда… ние сме добри луѓе“, изјави Илич при доделувањето на признанието.

Таа им порача на Македонците во Америка дека треба да бидат горди на своето потекло:

— реклама —

„Сите вие овде, секој еден од вас, треба да сте среќни за вашите семејства, да бидете со крената глава. Многу не знаат каде е Македонија. Мајка ми е од Буф, татко ми е од Битола, сум била кај моите баби и дедовци, таму е прекрасно“, рече Илич, откривајќи дека и нејзините деца сакаат повторно да ја посетат татковината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања