Најчевска бара пратениците на Левица да одговораат кривично за одобрувања воени злосторства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
20220316155836

Професорката Мирјана Најчевска, вели дека над пратениците на Левица кои се сретнаа со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин треба да се примени членот 407-а од Кривичниот законик - “Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“

— реклама —

„Тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува делата од членот 403 до 407, ќе се казни со затвор

— реклама —

од една до пет години. Ова треба да се примени и на сите гласила, поединци и посебно водачи на политички партии, вели Најчевска.

— реклама —

Димитар Апасиев и Борислав Крмов завчера се сретнаа со Баздникин во Собранието и ја оквалификуваа инвазијата на Украина како „специјална воена операција“ – истиот речник што за војната го употребува Кремљ.

Во соопштението на партијата за средбата се вели дека тие во разговорот ставиле „акцент на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опасност за секоја современа демократија“.

Од санкциите против Москва, заклучиле пратениците и амбасадорот најголеми губитници ќе бидат македонските земјоделци, „а потенцирана беше и заканата од загрозување на досегашниот постоечки безвизен режим меѓу Москва и Скопје, што ќе го отежне патувањето и транспортот меѓу државите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања