„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Најчевска: Да видиме како новиот Закон за јазици ќе влијае на подобрувањето на благосостојбата на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
najcevska

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера на својот профил на Фејсбук објави дека го потпишал Законот за јазици и истиот ќе биде испратен во Службен весник. По ова, се огласи професорката Мирјана Најчевска, која смета дека овој закон нема да промени ништо во состојбата на граѓаните.

— реклама —

„Што се однесува до мене може да ги води и на ладински јазик, меѓутоа тоа нема ни за ангстрем да ја промени положбата на граѓаните на Македонија од албанската етничка заедница, нема да ги направи чесни луѓе партиските челници од албанската заедница, нема да го исчисти воздухот во Тетово и Гостивар и Кичево и Куманово и Струга, нема да го намали бројот на каменоломи по патот кон Маврово, нема да ја запре градежната мафија, нема да ги запре партиските вработувања, нема да ја намали неписменоста ниту пак доенечката смртност, нема ...

Ова со јазициви најсериозно мислам дека е само фрлање на прашани во очите на луѓето.

— реклама —

Значи, ајде да видиме како новиот закон за јазиците ќе влијае на подобрувањето на благосостојбата на граѓаните.

Еве моиве Македонци цело време на македонски зборат на цела територија на Македонија и тоа не ги прави ни попаметни, ни помалку алчни ни помалку корумпирани.

А да воведеме Есперанто и да тргнеме во иднината?“, напиша Најчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања