Најчевска: Дали е нормално ова што го прават етничките Албанци во Македонија, јас велам - да

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
makedonci-albanci

Професорката по право Мирјана Најчевска, на социјалните мрежи, даде свое мислење за однесувањето на етничките Албанци во Македонија, за кои посочува дека ја криминализираат политиката, го уништуваат јавното добро, прават националистичка еуфорија.

— реклама —

„Ме прашуваат дали е нормално ова што го прават етничките Албанци во Македонија (националистичката еуфорија, крадење на се што ќе дојде до рака, уништување на јавното добро, криминализација на политиката) . Јас велам - да. Кога се осамостојуваше Македонија и кога власта доминантно ја зедоа етнички Македонци, учени-недоучени пилиштарци кои функцијата ја разбраа како отворен повик за крадење и кога сиот општетсвен и државен имот го ставија на добош и преку ноќ директорчињата станаа сопственици на цели претпријатија и ланци од продавници и згради и парцели, и кога почнаа да измислуваат сопствена историја во која бесмисолот се калемеше на апсурдот, тоа беше првиот бран на уништување. И тие станаа господари“, напиша најчевска.

Таа додава: „Сега етничките Албанци мислат дека им е ним редот да градат некоја фантасмагорична историја во која криминалите стануваат херојства, а примитивизмот доблест, кога можат да крадат, мамат, прават малверзации од позиција на власт. И да бидат господари. Проблемот е само во тоа што ни на едните ни на другите не им е местото на крајот на 20 век и почетокот на 21. И едните и другите се заостаток од 18 и 19 век кој дебело се усмрдел чекајки ги своите 5 минути. Време е да пуштиме вода во шољата“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања