Најчевска до Силјановска: Да не ги знаеш градовите е несериозно и безобразно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
najcevska

Откако вчера Силјановска во однос на нејзините гафови со мешање на имињата на градовите, истакна дека ниту претседателските кандидати не се совршени и дека и тие можат да направат грешка, на социјалните мрежи коментар даде професорката Мирјана Најчевска.

— реклама —

„Како прво, воопшто не е сеедно дали кандидатот за претседател прави гафови или не. Ако во ваква ситуација губи концентрација, што ќе стане во ситуација на криза. Второ, да не ги знаеш македонските градови, а да се кандидираш за претседател е малку несериозно и безобразно. Трето, да употребуваш латински изреки, а да не го знаеш нивното значење е знак на големо незнаење кое се затскрива со шлакање во надеж дека оние кои слушаат знаат уште помалку. Драга моја, професорка на правен факултет мора да знае што значи изразот in medias res (или, во центарот на нештата), и мора да знае соодветно да го употреби, а не да тресе зелени“, напиша Најчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања