Професорката по право, Мирјана Најчевска, го искоментира излагањто на холаднскиот амбасадор Дирк Јан Коп кој жестоко ја искритикува Македонија, но и владините политики. Јан Коп кажа "ги сакате парите на ЕУ ама не и вредностите", на што, Најчевска му порача дека ги надминува своите овластувања и се меша во внатрешните работи на Македонија.
„Прво, холандскиот амбасадор ги надминува своите овластувања и се меша во внатрешните работи на државата.
Второ, во ниту еден момент не ја спомнува ДУИ како носител на континуитетот во криминалот и корупцијата.
Трето, со пасивниот однос кон Бугарија и нивните бесмислени барања, заедно со другите амбасадори отвори простор за дефокусирање на вниманието на граѓаните од реформите и концентрација околу наметнати уставни промени“, напиша Најчевска.
Со став и ексминистерот, актуелен политички аналитичар, Џевдет Хајредини.
„Пораката, која по вторпат ја испрати холандскиот амбасадор, дека "ги сакате парите на ЕУ ама не и вредностите", со исклучок на Владата и нејзините платени апологети, е одраз на тоа што го гледаат и го кажуваат и граѓаните во земјата“, напиша Хајредини.