„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Најчевска на ФБ: ДУИ е крлеж кој се закачува на секоја владејачка структура во последниве 18 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mirjana-najcevska

ДУИ е крлеж кој се закачува на секоја владејачка структура во последниве 18 години, напиша на својот фејсбук профил професоркта Мирјана Најчевска.

— реклама —

Таа во својата објава на ФБ пишува:

Крлежот не е опасен заради тоа што ја цица крвта, опасен е заради заразите кои ги носи со себе а кои можат да завршат со тешко оштетување на организмот и смрт.

— реклама —

ДУИ во ниту еден момент не се спротистави на неправото, на корупцијата, на непотизмот, на непрофесионалноста. Напротив, тие се носители на неправо, на корупција, на непотизам и на непрофесионалност. Не заради тоа што се партија на етничките Албанци туку заради тоа што се партија која си нашла супер начин како етно-национализмот да го искористи за уништување на секоја вистинска вредност на демократското општество.

Се додека не се распадне или не се реформира од корен ДУИ немаме шанси да излеземе од ќенефот.

Разлетаните орли се само еден од начините на кои се свртува вниманието на Албанците во државата од суштинските проблеми кои ги мачат.

Втор начин на кој ДУИ ја купува власта е поддршката на ситниот криминал со што ги врзува луѓето за себе. Неплаќањето данок, неплаќањето струја, сивата економија, дивоградбите, непрофесионалните кадри запослени на најнесоодветни места ... не се поддршка на албанското население туку се се ланци со кои се создаваат верни следбеници и соучесници во криминализирањето на власта.

Трет начин е ширењето страв и недоверба кон се што не е албанско и уверување на луѓето дека се сигурни само доколку се во стадо со што атакува на еден од столбовите на демократијата: слободниот граѓанин.

Четврт начин е заплашувањето и рекетот како алатки на секоја мафијашка организација. Докажувањето на ова е исклучително тешко во услови кога се на власт и кога најголем дел од Албанците веруваат дека нема институција која ќе ги заштити доколку се побунат.

Единствена шанса да се спасиме од дуевизмот е Албанците да најдат храброст и да се спротистават на она што им се случува.

Јас во секој момент би помогнала вакво нешто.

Гадна работа ова крлеживе, посебно ако не се отстранат на време, пишува Најчевска на ФБ.

https://www.facebook.com/1078364301/posts/10215054131401548?sfns=mo

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања