Најчевска: Не може да им даваме шанса на пилиштарци да си играат со државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
najcevska

Професорката, активистка и експертка од областа на човековите права, Мирјана Најчевска на Фб напиша што очекува од политичките партии:

— реклама —

Оној кој ќе го постави некоја политичка партија на висока функционерска позиција како што е министер очекувам:

1. Да има јасна идеолошка определба која ќе соодветсвува на вредносниот систем на соодветната партија.

— реклама —

2. Да има знаење од областа за која е назначен.

3. Да има познавања за државната структура, структурата на конкретниот орган со кој ќе раководи, односите меѓу различните органи, законите, Уставот и целокупната легислатива која се однесува на соодветната област.

4. Да има стекнати и веќе испробани вештини во управување.

5. Да има искуство и прележани детски болести.

6. Да има период на кариерно напредување од кое може да се види како се снаоѓа со моќ, со располагање со туѓи пари, со влијанија од надвор, со комуникација, со кадровски решенија, со планирање, со антиципација, со ...

7. Да нема никаков конфликт на интереси меѓу она што претставува професионална определба и моменталната функција која ја врши.

Ако се применат барем три од наведените седум барања може да тргнеме во градење на државата.

И не, не може учителка по физика да биде заменик министер за образование.

И не, не може дете со интернет фирма да биде министер по финансии.

И не, не може да има прво вработување министер.

И не, не може секоја будала собрана од улица да биде пратеник.

И не, не може адвокат со просечна интелегенција и подпросечен број години да биде врховен судија.

И не, не може бизнисменка да биде амбасадорка.

И не, не може подпросечен студент да стане ЈО.

И не, не може директор на УБК да биде бизнисмен.

И не, не може ...

И не бре. Не може да им даваме шанса на пилиштарци да си играат со државата и да не ранат со колачиња од кал.

https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10216306011377765

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања