Најчевска: Не сакам американската амбасадорка да ми прави „црни листи“, дајте соберете се и отстранете ги од власт сите кецароши, измамници и криминалци од поголем калибар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
najcevska

Постојат повеќе листи согласно кои различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата и сите тие лица се истражуваат за да може да се донесат соодветни санкции. Сепак информациите треба да дојдат од Вашингтон, изјави амбасадорката на САД, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои имиња ќе се најдат на „црната листа“.

— реклама —

Професорката Мирјана Најчевска вели дека не сака американсакта амбасадорка да прави црни листи, ниту било кој странски амбасадор да ги решава проблемите во државата.

— реклама —

„Не сакам бре американската амбасадорка да ми прави црни листи на корумпирани политичари.

— реклама —

Не сакам ниту еден странски амбасадор да ги решава проблемите во мојата држава.

Сакам луѓе со два грама мозок кој знаат што прават, умеат и го прават она за што се избрани и платени.

Дајте бре соберете се малку и отстранете ги од власт сите кецароши, џаболебари, измамници, фолиранти, терористи, насилници, примитивци, џепароши и криминалци од поголем калибар.

И да, треба да се отпуштат сите судии и јавни обвинители.

И да се распише конкурс.

И сите да полагаат и на сите да им се испита минатото, и сите да дадат отчет за она што до сега го правеле и да им се попише имотот до последен манџар и да се спореди со имотот со кој ќе излезат по секоја година од држењето на функциите.

И да, да се укинат сите управни и надзорни и секакви идиотски одбори во кои се млати празна слама за мали пари.

И да, ни требаат 7 министерства и 30 општини.

И да се преполови државната администрација и да се преиспита секое вработување направено во државната и јавната администрација во изминатите 20 години.

И да, мора да се преполови дипломатската мрежа и потполно да се професионализира со политички амбасадори само по исклучок за посебни потреби и со посебно знаење.

Иа да, има решение за се, ама не со криминалците кои се и оние кои сакаат во моментов да дојдат на власт“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања