Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Најчевска по Тупанчевски: Не тропајте глупости, нема аномалија туку луѓе со скромно познавање на правото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
adfasdf

Професорката по право, Мирјана Најчевска и натаму смета дека одбивањето на референдумот од страна на Талат Џафери е грешка. Таа бара: „Ве молам да престанете со тресење глупости“. Нејзиниот став е спротивен на државниот.

— реклама —

„Договорот со Бугарија е ратификуван во Собранието. Собранието е единствениот надлежен орган за ратификација на меѓународните договори. Не мешајте потпишување на договор со негова ратификација. Меѓународните договори не произведуваат правно дејство со потпишување туку со ратификација. Дајте елементарна правна писменост. И да референдумот се однесува на прашање кое е во исклучива надлежност на Собранието. Исклучива. Нема тука никаква аномалија освен таа што луѓе со многу скромно познавање на правото се универзитетски професори“, вели Најчевска.

Иницијативата за референдум има правни аномалии што ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на една замислена цел, изјави министерот за правда Никола Тупанчески.

— реклама —

Според него, пред поднесувањето на иницијативата требало да се земат предвид одредбите од Уставот, Законот за референдум и Деловникот на Собранието.

,,Во членот 118 од Уставот експлицитно е утврдена материјата во однос на меѓународните договори. Тие, како што стои во овој член, претставуваат составен дел од внатрешниот правен поредок на државата и не можат да бидат менувани со закон. Особено е важна и регулативата во Законот за референдум каде во членот 24 се вели дека референдум би можел да се распише пред потпишување , односно ратификација на меѓународен договор. Во членот 28, пак, кој се однесува на Бадентеровото мнозинство, исто така има релевантна одредба”, рече Тупанчески, потенцирајќи дека треба да се земат предвид и одредбите од Деловникот на Собранието при разгледувањето на иницијативата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања