Професорката Мирјана Најчевска објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен од должност.
„За секој застарен предмет е крив судијата кој ја води постапката.
Секој судија чиј предмет ќе застари треба да биде разрешен од должност со забрана за вршење било каква професија која има врска со правото и секако со протресување на имотната состојба пред и по застарувањето“, вели Најчевска.