„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Најчевска во девет точки ги опиша приоритетите на Власта, еве според неа кои се...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
najcevska

ФБ Статус на професорката Мирјана Најчевска. Таа на соцојалната мрежа напиша:

— реклама —

Колку што можам да видам од до сега направеното, приоритети на оваа власт се:

1. Да останат на работа сите кои се вработиле со партиски книшки и ним да им се приклучат уште толку, ама со други партиски книшки (оние на 64 години се вработиле без партиска книшка и го рушат системот).

— реклама —

2. Сите криминалци да си го задржат украденото за што ќе платат соодветен рекет на актуелната власт (се легализира перењето пари).

3. Да се допродаде се што е заедничко и парите да се поделат меѓу оние кои се моментално на власт (продолжува продавање на државно земјиште, простор, реки, шуми)

4. Да се обезбеди што е можно поголема разлика меѓу оние кои имаат и оние кои немаат (за да не доаѓа до забуна).

5. Да се уништи и поимот за јавно добро (да се приватизира се што останало неприватизирано).

6. Да се издржи по секоја цена на патот трасиран од Груевски во измислувањето начини за исплаќање на поддржувачите на партијата на власт (што поголем број управни и надзорни одбори, економски промотори, директори, советници).

7. Да се обезбеди наше активно присуство во држави значајни за нашите ЕУ интеграции (како Казахстан или Катар).

8. Да се заштитат сите судии и јвни обвинители кои суделе по партиски диктат со цел и понатаму да можат да го прават тоа.

9. Да се воспостави систем на обратно пропорционална одговорност (колку си повисоко во власта помалку одговараш, а колку си пониско повеќе).

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања