Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Најчевска: Зошто Талат Џафери не треба да биде премиер на Македонија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
dzaferi-najcevska

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил објави став зошто Талат Џафери не треба да биде премиер на Македонија. Еве кои причини ги наведе професорката:

„Прво, затоа што се избира врз основа на бесмислен закон кој нема врска со правото. Имено, техничката/привремената/пржинската влада имаше смисла во периодот на премин од власт која беше срушена од страна на граѓаните како власт во која немаат доверба и заради тоа сметаат дека не може да спроведе фер и демократски избори. Со таа цел беше предвидено привремен премиер да биде претставник на опозицијата како гаранција на контролата над изборниот процес и заштита од можна злоупотреба на власта за лажирање на изборите. Во моментов претпоставуваме дека станува збор за нормални избори каде што не се бара посебна заштита. А изборот на премиер од редот на владејачката структура индицира дека оваа владејачка структура има намера да направи изборни измами. Второ, објавениот извештај на Талат Џафери и насловната фотографија на истиот не смее да се перципира како наивен и неважен. Тоа што во извештајот е употребен прво албанскиот а потоа македонскиот јазик е директно спротивно на одредбите на Уставот и на сите закони со кои се регулира употребата на јазиците во Македонија

— реклама —

Тоа што зад ликот на Џафери е истакнато големо знаме на НАТО, испраќа порака дека станува збор за претставник на НАТО кој дава извештај за својата работа како НАТО претставник. Тоа што македонското знаме е ставено зад знамињата на ЕУ и Албанија и со иста големина како овие две знамиња е спротивно на Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија и Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија. Тоа што ниту претседателот на државата, ниту пратениците во Собранието, ниту претставниците на Владата ниту Уставниот суд не реагираат на овој вид прекршувања на Уставот и законите и отворено понижување на државата значи дека или толку многу не знаат или пак се едноставно платеници на мафијата регистрирана како политичка партија ДУИ. Во секој случај, Пржинската влада не е таа која може да го замени функционирањето на заробените институции“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања