Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Најдобри другарки чии животи згаснаа прерано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
20190608_204314

Ученици од седмо и осмо одделение во основно училиште во Хрватска, рано утрината вчера тргнале на дводневен излет во Свети Филип и Јаков. Утрината во седум часот тргнале, а ги испратиле родителите и директорот на училиштето, а учениците весели тргнале на пат.

— реклама —

Неколку часа подоцна застанале на одморалиште меѓу Новска и Окучана, на автопат, а во 09:40 часот камион налетал на нив. Со голема брзина ја поминал пумпата и ги покосил децата и автомобилит кои биле на паркингот зад пумпата. Ива и Рената биле најдобри другарки и двете загинале на лице место.

-Беа неразделни. Заедно седеа на училиште, во автобусот. Утрината двете со насмевка тргнаа на излет, од кој за жал, не се вратија, рекол директорот на училиштетот кој следниот понеделник го прогласил за ден на жалост на училиштето.

— реклама —

Мајката на Рената, Зорица Х. на новинарите им рекла дека ѝ ѕвонела на Рената на мобилен штом се случила трагедијата. Кога таа не се јавувала, ѕвонела кај Ива. Била очајна. А, потоа слушнала од медиумите дека двете загинале. Останатите ученици во 16 часот се вратиле во Ердут. Таму ги дочекале расплаканите родители и мештаните.

— реклама —

Засега не е познато зошто камионот налетал на луѓето. Возачот наводно кажал дека не му работеле кочниците.

Иако треба да се спроведе комплетен технички опреглед на камионот, првите проверки утврдиле дека кочниците работеле.

— реклама —

извор kurir.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања