Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Најдоброто од Тоше Проески“ доби ново издание на двојна винилна плоча со 16 песни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryu050mh9qdaho850Ux34

Споменот за Тоше Проески добива ново музичко издание. Дискографската куќа „Хит рекордс“ во чест на македонскиот пејач ја објави двојната винилна плоча „Најдоброто од Тоше Проески“, која содржи 16 песни.

Изданието е особено значајно за композиторот Мирослав Рус, главен уредник на „Хит рекордс“, кој со Тоше имал блиско пријателство, но и авторска соработка.

— реклама —

Рус посочува дека работата на вакво издание за него претставува и чест и обврска, со оглед на односот што го имал со Тоше и значењето на неговото творештво.

— реклама —

„Не можам да замислам делото на Тоше Проески да остане без албум кој, во презентативна смисла, е вистинска, сериозна трага на еден уметник без граници каков што беше Тоше Проески“, вели Рус.

На двојната плоча се наоѓаат песни чии автори се Миро Буљан, Антонија Шола, Леонтина Вукомановиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Марина Туцаковиќ и други.

— реклама —

Посебно внимание е посветено и на изгледот на изданието. Дизајнот е дело на Игор Келчец, а на предната и задната страна се наоѓаат портрети на Тоше.

Во внатрешноста на плочата е сместен колаж од приватни и професионални фотографии, кои опфаќаат различни периоди од неговиот живот и кариера.

Со ова издание, дел од најпознатото музичко наследство на Тоше Проески добива и винилна форма, како траен спомен на неговото творештво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

toshe-proeski

„Додека беше жив, го плукавте, а денес сите го нарекувате ‘наш’“ – порака за лицемерието кон Тоше, кое уште е пракса кај нас

Сцена | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarystd1i9n3hj9nbD88bMu

„Некои гласови никогаш не замолкнуваат, а некои луѓе никогаш не се забораваат“: Синалко во спомен на Тоше Проески

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydp5n69qhci426TL3y7O

„За кого? За Тоше!“: Ултрамаратонците поминаа низ детската улица „Тоше Проески“ и пристигнаа на плоштадот во Скопје

Македонија | пред 2 седмици

toshe-proeski

19 години без Тоше Проески: Гласот што ги спои генерациите и остави вечна трага

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања