Промени тема
Контакт

Најголем пораст на пензиите во просек по 900 денари и 3.000 денари помош за секој пензионер, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Penzioneri

Владата предводена од СДСМ постигна договор за рекордно и досега најголемо зголемување на пензиите за околу 330.000 пензионери, вели СДСМ.

„Усвоивме нова методологија за континуиран раст на пензиите, за спокоен и достоинствен живот на пензионерите.

Усогласувањето на пензиите според швајцарски модел ќе биде два пати годишно и се врзува за порастот на трошоците за живот со 50% и за растот на просечната плата со 50%.

— реклама —

Пензионерите од септември, секој месец ќе имаат покачување од 900 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата.

— реклама —

Покрај методологијата за раст на пензиите, Владата обезбедува пакет помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.

СДСМ и премиерот Ковачевски го исполнија ветувањето дадено пред неговиот избор за премиер за најголемото зголемување на пензиите.

— реклама —

СДСМ покрај растот на платите, пензиите, овозможува повеќе пари кај нашите највозрасни граѓани го унапредува нивниот животен стандард“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања