Според податоците на ДИК во скопските општини пак излезноста е речиси насекаде иста со исклучок на Шуто Оризари.
Во Скопје, најголема излезност има во Ѓорче Петров или 32 проценти, односно 5.204 граѓани. Во Аеродром излезноста е 30,71%, во Гази Баба 29,58%, Карпош 31,16, Кисела Вода 31,77%, а Центар 30,91%
Најмала излезност има во Шуто Оризари, каде 19,15% од граѓаните излегле да гласаат до 15 часот.