Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Најголеми лаги на Мицкоски во 2022 година, лага 1: асимилација и бугаризација, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

2022 е година којашто ќе остане запаметена по голем број лаги и невистини на Христијан Мицкоски, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

„Мицкоски стана целосен заложник на Димитар Апасиев. Немаше период од годината а Мицкоски да не излезеше со тешка лага, манипулација или конструкција.

Лага број #1, првата и најголема лага на Мицкоски за 2022 година е дека ќе ни се случи асимилација и бугаризација!

Со оваа голема лага Мицкоски и Апасиев создаваа хистерија во јавноста и го потпалуваа народот.

— реклама —

Токму под слоганот „Не за асимилација и бугаризација“ Мицкоски и Апасиев водеа секојдневни насилни протести против францускиот односно европскиот предлог.

Резултат на таа хистерија беа насилните протести и фрлањето молотиви коктели врз институциите.

„Последниот предлог не е ништо друго освен класична асимилација на македонскиот народ и македонскиот идентитет“

— реклама —

„Ова што ни се нуди е асимилација и бугаризација а не ЕУ„

Ова беа зборовите, односно лагите на Мицкоски кои извираа од неговата уста секој ден.

Лажеше Мицкоски и за македонскиот јазик, заедно со неговите пратеници лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект.

Овие лаги на Мицкоски потонаа во вода многу бргу.

— реклама —

После 5 месеци тоа е јасно како бел ден. Мицкоски лажеше!

Нема асимилација, нема бугаризација. Има заштитен македонски јазик во ЕУ.

Се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ, каде јасно и недвосмислено стоеше македонски јазик, без додавки, без фусноти и без објаснувања.

— реклама —

На македонски јазик со чиста формулација се одвива и скриниг процесот кој е во тек.

Договорот за ФРОНТЕКС е потпишан на чист македонски јазик и на официјалните јазици на ЕУ.

Се потврди дека Мицкоски ги лаже сопствените граѓани, нема став и затоа е во целосно заложништво на Димитар Апасиев.

Едноставно, на Мицкоски не може да му се верува“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања