Промени тема
Контакт

„Најголеми загуби од Втората светска војна“ – колку навистина страда руската армија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
putin-rusija-542

Прашањето за бројот на загинати руски војници во Украина останува едно од најконтроверзните војни прашања. Русија официјално само еднаш, во септември 2022 година, објави бројка од нешто помалку од 6.000 загинати. Оттогаш, Кремљ ги третира информациите за загуби како државна тајна, а секое споделување различни податоци се смета за „дезинформација“, со затворски казни до 15 години.

И покрај строгата цензура, независни новинари, активисти и истражувачи продолжуваат да собираат податоци. Според заеднички проект на BBC Русија и порталот Медиазона, до 13 август 2025 е потврден идентитетот на најмалку 121.507 загинати војници, а реалната бројка, според нив, се движи меѓу 185.000 и 260.700.

Слични процени даваат и независните руски медиуми Медуза и Important Stories, кои преку демографски анализи и јавни податоци заклучија дека од почетокот на инвазијата загинале 160.000–165.000 руски војници.

— реклама —

Западните процени се уште повисоки. Британското Министерство за одбрана во јуни годинава оцени дека Русија има околу 250.000 загинати и речиси милион војници убиени или ранети од 2022 година. Американските разузнавачки извори во повеќе наврати објавуваа бројки од 200.000 до 250.000 загинати и околу 700.000–1.000.000 вкупни жртви.

— реклама —

Украина, пак, редовно соопштува сопствени процени – според Киев, загинале меѓу 200.000 и 300.000 руски војници, а вкупните загуби на Москва изнесуваат над милион војници до август 2025.

И покрај различните методологии, сите извори се согласуваат дека руските загуби се најголеми од Втората светска војна наваму. Воените аналитичари предупредуваат дека Кремљ продолжува да се потпира на масовна мобилизација и жртвување на човечки животи за минимални тактички придобивки.

— реклама —

Со над милион жртви (погинати и ранети) и околу 20 отсто освоена територија од Украина, независните експерти оценуваат дека цената што Русија ја плаќа е „огромна за ограничени воени успеси“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 20 часа

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 21 час

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања