Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Најк“ обвинет дека двапати ги наплатува царинските трошоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarysobnboaaij8qbNgLwiP
unsplash

Граѓани поднесоа колективна тужба против американската компанија за спортска опрема „Најк“, обвинувајќи ја за злоупотреби поврзани со царинските трошоци што, според нив, биле префрлени врз купувачите преку повисоки цени на производите.

— реклама —

Тужбата е поднесена пред Федералниот суд во Портланд.

Купувачите тврдат дека „Најк“ неоправдано ги зголемил цените на одредени модели патики за пет до десет долари, а цените на облеката за два до десет долари, со образложение дека така ги покрива трошоците од царините.

— реклама —

„Најк“ не дал никаква правно обврзувачка гаранција дека ќе им ги врати на потрошувачите дополнително наплатените средства, кои ги оправдувал со повисоки царини“, се наведува во тужбата.

— реклама —

Според подносителите, доколку судот не реагира, компанијата би можела истите трошоци да ги наплати двапати – еднаш од потрошувачите преку повисоки цени, а вторпат од федералната влада преку поврат на царините.

Во тужбата се посочува дека „Најк“ не треба да ги задржи средствата добиени преку поскапувањето, бидејќи Врховниот суд на САД во февруари ги поништил царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Според информациите во случајот, „Најк“ платил дополнителни една милијарда долари царини за увезена стока како последица од мерките воведени од администрацијата на Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysobnboaaij8qbNgLwiP

Најк се враќа кон спортот: Нова стратегија на директорот Хил за спас на брендот

Магазин | пред 3 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања