Промени тема
Контакт

Најмалку 12 загинати во руски напади врз Украина: Погодени Киев, Одеса, Харков и други градови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarygd1k8oosi37v7Jed7qL
screenshot x

Најмалку 12 лица загинале, а десетици се повредени во серијата руски ракетни и дронски напади врз повеќе украински градови, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во Киев, при ракетен напад врз железничко депо, според официјалните информации, загинале седум лица. На местото избувнале пожари и е причинета голема материјална штета. Директорот на украинската железница Олександр Перцовскиј информираше дека десетици железнички работници успеале да се засолнат и да останат безбедни.

Уште три лица загинале во Бориспил, каде што бил извршен тежок воздушен напад со ракети и беспилотни летала.

— реклама —

Зеленски по ноќните напади соопшти дека биле погодени и Одеса, Харков, Запорожје, Херсон и други градови низ Украина, при што има десетици повредени.

— реклама —

Од руското Министерство за одбрана соопштија дека руските сили извршиле „масовен напад“ со оружје со долг дострел и беспилотни летала. Според руската страна, цел биле воено-индустриски објекти, како и објекти поврзани со снабдувањето со гориво и енергија во Киев и околниот регион.

Русија извести и за напади врз инфраструктурата во регионот Одеса, како и врз пристаништата Одеса и Чорноморск.

— реклама —

Во меѓувреме, министрите за одбрана на земјите членки на Европската Унија денеска во Виклоу, Ирска, треба да разговараат за продолжување на поддршката за Украина, вклучително и за соработката со украинската одбранбена индустрија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvrg8dm6o6puia4q1xca

(Видео) Русија постави систем „Панцир“ над прометна сообраќајница во Москва

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-library9361j74v29b76UxTKKr

(Видео) Киев продолжува со удари врз руската енергетика, погодена рафинеријата во Самара

Свет | пред 1 ден

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Тројца загинати во руските напади врз Дњепар, речиси 100.000 потрошувачи останаа без струја

Свет | пред 1 ден

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања