Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 22 загинати во нападот врз Киев, Зеленски директно ги повика сојузниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Најмалку 22 лица загинаа, а 86 се повредени во масовниот руски напад врз Киев, извршен во текот на ноќта, соопштија украинските власти. Спасувачките екипи натаму трагаат по преживеани под урнатините, поради што се стравува дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми.

— реклама —

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, нападот го опиша како најмасовен врз украинската престолнина од почетокот на војната и најави дека утрешниот ден ќе биде прогласен за ден на жалост. Меѓу повредените има и две деца.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот уште еднаш покажал колку на земјата ѝ недостигаат ракети за противвоздушна одбрана.

„Да беше навреме испорачана ветената помош од нашите партнери, ќе можевме да спасиме повеќе домови и повеќе човечки животи“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина не бара нови ветувања, туку испорака на веќе договорената воена помош.

— реклама —

Според украинските воздухопловни сили, Русија во нападот лансирала 74 ракети и 496 беспилотни летала, од кои најголемиот дел биле насочени кон Киев. Украинската противвоздушна одбрана пресретнала или електронски попречила поголем дел од проектилите и дроновите, но дел од нив погодиле 33 локации.

Од Кремљ соопштија дека руските сили гаѓале исклучиво воени или, како што наведоа, „квазивоени“ цели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 13 часа

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања