Промени тема
Контакт

Најмалку девет жртви во пожарите во Калифорнија, десетици исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Најмалку девет луѓе загинаа во пожар што од четвртокот беснее во северна Калифорнија, додека на југ, познатото летовалиште Малибу е загрозено од друг пожар што брзо се шири.

– Моја тажна задача е да потврдам дека досега имаме девет загинати, изјави Кори Хонеи шериф на округот Бат.

— реклама —

Полицијата пронашла синоќа пет жртви во градот Парадајз северно од главниот град Сакраменто, каде 26.000 жители добија наредба за итна евакуација.

— реклама —

Тројца загинати се пронајдени вчера вон една куќа и уште една во куќа.

Десетици се сметаат за исчезнати.

— реклама —

Шестотини километри појужно близу Лос Анџелес, градот Малибу е во состојба на тревога поради силен пожар што изби претходниот ден на 20-на километри северно. Неколку познати личности кои живета таму мораа да бидат евакуирани, меѓу нив и Ким Кардашијан, Алис Милано и мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо. Вкупно повеќе од 150.000 луѓе мораа да бидат евакуирани во Калифорнија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања