Застрашувачки се податоците за употребата на разни видови дроги кај децата во Македонија.
Четиригодишни деца дишат лепак, осумгодишни се на хероин. Најмалото евидентирано дете во Македонија кое зема дрога, е под 5 годишна возраст.
Според анализата на Народниот правобранител, 50 деца користат марихуана, како и други психотропни супстанции како што се халуциногени и стимуланси. Системот за превенција, рано откривање, третман и рехабилитација на овие деца е недоволно развиен, а институционалните капацитети остануваат ограничени. Овие деца се препуштени сами на себе и најчесто треба да дочекаат полнолетство, за да пристапат во некоја од програмите за лекување и одвикнување.
Според сознанијата добиени од полициските извештаи, 130 малолетници се дрогираат на улиците, најчесто со марихуана и амфетамин, додека помалку со екстази и хероин.
„Децата најчесто користат халуциногени и стимулативни дроги, како и марихуана“, вели Васка Бајрамовска Мустафа, заменик народниот правобранител.