Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Најмногу дожд во Маврово и Лазарополе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Во изминатите 24 часа најмногу дожд имало во Маврово и Лазарополе. Според информацијата од УХМР, во Маврово наврнале 47 литри на метар квадратен и 45 литри во Лазарополе.

— реклама —

Врнежи од дожд се регистрирани повеќе во западниот дел од земјата. Во Битола и Претор наврнале 32 литри на метар квадратен, во Пожаране 30 литри, Крушево 28, Охрид 23 литри, Дебар 19, Тетово, Куманово и Тополчани 12 литри, Прилеп 10, осум Скопје Петровец, седум во Скопје Зајчев рид и Ѓуриште, три во Штип, два во Гевгелија и еден литар во Струмица, Крива Паланка, Демир Капија, Берово и Дојран.

— реклама —

И во текот на денот метеоролозите најавуваат пообилни врнежи, кои локално ќе бидат во форма на невреме, со грнежи, засилен ветер и услови за појава на град.

— реклама —

Температурата ќе се движи од 12 до 19 степени.

— реклама —

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд, а температурата ќе се искачи до 19 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања