Најмногу од новите заразени имаат од 30 до 39 години, бројките и натаму застрашувачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
w_56102253

Од 76 случаи на коронавирус во земјава, 21 и се под истражување поради задоцнето пријавување на приватната лабораторија каде тие биле тестирани, а анализата на останатите 55 лица покажува дека нај најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 11 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 30 лица од женски и 25 од машки пол, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

— реклама —

„Регистрирани се 5 хоспитализирани, а кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 31 има контакт со потврден случај. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 26 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување“, нотираат од ИЈЗ.

Од сите случаи, 52 се од Скопје, додека, 14 од Тетово.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања