До седум часот изутринава највисока снежна покривка има во Маврово каде се измерени 95 сантиметри снег.
Како што посочија од УХМР утринава 57 сантиметри се измерени во Пожаране, а 50 сантиметри на Попова Шапка. Висината на снежната покривка во Лазарополе изнесува 48 сантметри, 44 во Дебар, Крушево, 38 сантиметри во Тетово, 35 во Битола, 34 во Охрид, 32 во Тополчани, 27 сантиметри во Ѓуриште, 25 во Претор, 17 сантиметри во Скопје, 15 во Прилеп, 14 во Куманово, 12 во Скопје Петровец, 11 во Струмица, 10 во Штип, Демир Капија, најмала снежна покривка, или нешто под десет сантиметри е измерена во Берово ( 9 сантиметри) и 8 во Гевгелија.