Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Уапсен заменик-директор во Царинската управа: Осомничен дека зел мито од над 15.000 евра, се дал во бегство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarym9i43dohfc8lbfWQkxk

Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен под сомнение дека побарал мито од над 15.000 евра во врска со тендер во Царинската управа, дознава „Скопје1“.

— реклама —

Според информациите, Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, претходно обезбедило обележани парични средства кои му биле предадени на осомничениот.

— реклама —

Откако ги презел парите, Имери не застанал на наредбите на полициските службеници и се дал во бегство.

Полицијата презела мерки за негово пронаоѓање, по што тој бил фатен и лишен од слобода.

— реклама —

Случајот е поврзан со сомнение за корупција при тендерска постапка во Царинската управа, а се очекуваат дополнителни официјални информации за кривичното дело за кое Имери ќе биде пријавен, како и за натамошната постапка против него.

Засега нема детали од институциите; акцијата е и натаму во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања