Најново: Бектеши образложи дали ќе поскапи струјата од јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
51826955070_dba3d1dfd6_c

Граѓаните нема да имаат зголемени сметки од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки за електрична енергија, вети министерот за економија Крешник Бектеши.

— реклама —

Според Бектеши, залихи на мазут има, граѓаните да не стравуваат, зашто во континуитет ќе бидат обезбедени потребните количини топлинска и електрична енергија, а се прават и сите калкулации да нема поскапување на струјата од 1 јануари.

— реклама —

Најверојатно, како што рече Бектеши, помали сметки ќе имаат и малите потрошувачи.

— реклама —

– Сега е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино. Во моментот кога ќе биде спротивно, капацитетот веднаш ќе се вклучи во работа. Ако ја земеме предвид сегашната цената на мазутот, цената на производство на електрична енергија по мегават час од страна на ТЕЦ Неготино изнесува некаде од 240 до 245 евра, а претходната недела увезувавме по цена од 205 евра по мегават час. Зборувам за просечна цена, не за дневна, неделна, месечна. Имаме и залихи на мазут и веќе се прават сите подготовки за во континуитет да може да се стави во употреба во текот на грејната сезона. Граѓаните да бидат спокојни, сите подготовки се направени, во континуитет ќе бидат снабдувани со електрична енергија. Се прават калкулациите од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата, а најверојатно би имало и намалување за малите потрошувачи – истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo.

Тој дополни дека никој не знае дали може да се случи некоја хаварија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања