Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

НАЈНОВО: Прогласена вонредната состојба од Пендаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pendarovski-1

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука да прогласи вонредна состојба, откако Талат Џафери одби да го состане Собранието и да свика седница. Пендаровски посочи дека лидерите на политичките партии даваат поддршка за вонредната состојба.

— реклама —

„Одлуката ја донесов за заштита на граѓаните. Ова ќе трае 30 дена, а по истекот на овие 30 дена, очекувам Владата да ми поднесе детален извештај за ефектите од дотогаш превземените мерки и образложен предлог за продолжување на дополнителни 30 дена“, рече Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните кои се надвор од нашата држава да не се враќаат тука, а доколку решат да дојдат, да бидат соочени со тоа дека мора да ги почитуваат мерките, како и да бидат соочени дека можат да бидат во карантин.

— реклама —

“Вонредната состојба покажува колку е озбилна ситуацијата и колкав е ризикот за сите нас“, додаде тој.

— реклама —

Пендаровски им се заблагодари на Армијата, полицијата, здравствените институции и им оддаде почит за нивната пожртвуваност.

„Немам никакви дилеми за одлуките кои ги носам. Изборите мора да бидат одложени“, кажа претседателот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања