„Најопасниот човек на интернет“ забранет од Инстаграм и Фејсбук

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
275328255_327676239320616_4273127908213582017_n-690x536-1

Ендрју Тејт, поранешен кик-боксер кој стана познат по своите контроверзни ставови за машко-женските односи, е забранет од Инстаграм и Фејсбук, каде што го следеле над 4 милиони луѓе.

— реклама —

Тејт својата „забрана“ ја заработи откако објави видеа во кои зборува за удирање и гушење на жените, спречување да излезат надвор и уништување на нивните работи - што е директно кршење на условите за користење на двете социјални мрежи.

— реклама —

Британско-американската ѕвезда - веќе беше забранет на Твитер откако тврдеше дека жените треба да „сносат одредена одговорност“ за сексуален напад. Тој стана славен во 2016 година кога учествуваше во реално шоу. Потоа забележа пораст на следбеници во последниот месец особено на Инстаграм, со еден милион следбеници во јуни, во споредба со 4,7 милиони во моментот кога беше забранет неговиот профил.

— реклама —

Мета допрва треба да даде детали за отстранувањето на страницата.

Настапите на Тејт доведоа до снимањето на документарниот филм „Најопасниот човек на Интернет“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања