Промени тема
Контакт

Најстарата личност во светот денес полни 117 години: Го запознала кралот Чарлс и живеела на три континенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-librarykt3k8t9s09cgcZZh3iZ

Етел Кетерем, најстарата жива личност во светот, денес го прославува својот 117. роденден во домот за стари лица „Халмарк Лејквју“ во Сари, Велика Британија. Роденденот ќе го помине во друштво на семејството и пријателите, а зад себе остава уште една година исполнета со необични и значајни моменти.

Како еден од највпечатливите настани од изминатата година, Кетерем ја издвојува средбата со британскиот крал Чарлс Трети, кој ја посетил во септември минатата година, кратко по нејзиниот 116. роденден. Таа раскажала дека особено го памети моментот кога кралот ја фатил за рака.

Кетерем му открила на монархот и дека го следела неговото прогласување за принц од Велс во 1969 година, кога тој имал само 21 година. Со насмевка му кажала дека тогаш „сите девојки биле вљубени во него и сакале да се омажат за него“.

— реклама —

Таа ја добила титулата најстара личност во светот во мај 2025 година, по смртта на 116-годишната бразилска монахиња. Родена е на 21 август 1909 година во Хемпшир, пет години пред почетокот на Првата светска војна.

Во текот на својот долг живот, Кетерем живеела во повеќе делови од светот. Во помладите години престојувала во Индија, каде што од 18 до 21 година работела како дадилка во семејството на воен офицер. Подоцна со сопругот Норман, поранешен потполковник, живеела во Солсбери, а нивниот живот ги одвел и на Гибралтар и во Хонг Конг.

— реклама —

Во Хонг Конг отворила градинка и ги одгледала своите две ќерки, кои, за жал, починале пред неа. Нејзиниот сопруг починал во 1976 година, по 45 години брак.

— реклама —

Кетерем е последната жива личност која била поданик на кралот Едвард Седми, кој починал во 1910 година. Оттогаш на британскиот престол се смениле Џорџ Петти, Едвард Осми, Џорџ Шести, Елизабета Втора и Чарлс Трети.

Иако денес е најстарата жива личност во светот, Кетерем сè уште има уште пет години до апсолутниот рекорд. Најдолговечната потврдена личност во историјата е Французинката Жана Калман, која живеела 122 години, пред да почине во 1997 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања